Connect with us

Ракомет

ФОТО+ВИДЕО: Не успешно криење на срамот! Сцени од хорор филм ќе ги дочекаат ракометарите во Сплит

Извинете до Спаладиум арена? – Па ништо далеку, свртете десно и одете додека не стигнете до незавршена градба. Ваков одговор доби екипата на Спорт М на прашањето како да стигнеме до арената, поставено на случаен минувач во близина на центарот Џокер.

Спаладиум арена во Сплит изгледа како да во секој миг ќе се распадне.

Внатрешноста на арената е беспрекорна. Организаторите навистина се потрудиле да вложат, да тоа изгледа светски за ова европско првенство, но надворешниот изглед е разочарувачки.

Железни цевки на ѕидовите, импровизиран паркинг вендаш до салата, а силниот ветер пак вчера ги откорна и церадите поставени од надворешната страна на арената, кои требаше колку-толку да го сокријат она што му дава лоша глетка на салата. Денеска беше жалосна глетката кон овој спортски храм.

Од ѕидовите излегуваат шипки, се е под вода

Веднаш до спортската сала, според информациите до кои дојде Спорт М требало да биде изграден голем деловен објект, во кој би имало хотел, шопинг-центар, канцеларии, гаража…но моментално овој неизграден објект дава само лоша слика покрај спортскиот комплекс.

Ренчо Посинковиќ, управителот на Спаладиум арената вели дека иако се во стечај тие функционираат максимално.

„Иако сме во стечај, се функционира. Спаладиум работи максимално иако некои велат дека ова е рушевина. Работиме околу 200 денови во годината“, изјави Ренчо Посинковиќ за Спорт М.

На неколку денови до почетокот на Европското првенство во ракомет, арената и недозавршената градба веднаш до неа даваат лош вкус во устата.

Натпреварот кој ќе го означи стартот на ЕП во салата Спаладиум во Сплит e помеѓу домаќините (Хрватска) и Србија од 20:30 часот.

СПОРТ М ИЗВЕСТУВА ДИРЕКТНО ОД ХРВАТСКА!

АНКЕТА

[poll id=”2″]