Connect with us

Фудбал

Фулам опадна, но дефанзивецот на Реал Мадрид ќе има нов тим, веднаш штом ќе се врати од САД

Иако пред некое време се појавија шпекулации дека Фулам, кој се подготвува за враќање на сезоната во Премиер лигата, ќе се обиде да ангажира засилување во ликот на фудбалерот на Реал Мадрид, Тео Хернандез, од тоа нема ништо.

Сепак, младиот бек на Реал Мадрид, очигледно, нема да ја дочека новата сезона на Сантијаго Бернабеу.

За 20-годишниот Хернандез, кој пристигна минатото лето во Реал од Атлетико Мадрид за 24 милиони евра, се уште нема место во кралскиот клуб, но изгледа дека минутажа ќе побара во Реал Сосиедад.

Всушност, Реал Мадрид, според Марка, одлучи младиот Тео Хернандез да го испратен на едногодишна позајмица во Реал Сосиедад, а тоа треба да се случи по враќањето од САД, каде што со остатокот од тимот се наоѓа на подготвителната турнеја.