Connect with us

Фудбал

Габриел Хесус го продолжи договорот со Манчестер Сити

Младиот напаѓач на Манчестер Сити, Габриел Хесус го продолжи договорот со овој клуб.

Хесус во редовите на Граѓаните е уште од јануари 2017 година, но се здоби со сериозна повреда. Сепак, во периодот пред и по повредата воглавно беше во стартниот состав и сосема е јасно дека Сити има големи планови со него.

Денес беше официјализирано дека Бразилецот го продолжи договорот со граѓаните до летото 2023 година, и во следните пет сезони ќе остане на Етихад Стадионот.

Овај 21-годишниот напаѓач од доаѓањето во Премиер Лигата, одигра вкупно 39 натпревари и постигна 20 голови со осум асистенции. Пред Сити играше за Палмеирас, што е од неговата продажба доби 32 милиони.