Connect with us

Фудбал

Гатузо: Како некои играчи да му кажат „не“ на Милан

Тренерот на „Росониерите“ Џенаро Гатузо смета дека на некои играчи му е тешко да го одбијат повикот од клуб каков што е Милан.

Милан ова лето го купи Гонзало Игуаин од Јувентус, а младиот стопер Матија Калдара го доби во замена за Леонардо Бонучи.

Неговиот Милан синоќа на американската турнеја со голот на Андре Силва издвојуваа победа над Барселона (1:0). Гатузо знае дека повикот од „Сан Сиро“ е посебен за многу фудбалери.

„Кога разговарам со играчите, имам чувство дека поради историјата на Милан тие тешко кажуваат не. Сите сакаат да дојдат во Милан, никој не сака да каже не“ рече Гатузо, па потоа додаде:

„Со играчи како што се Калдара и Игуаин, како и со младите играчи кои ги имаме и квалитетите кои ги поседуваме.

Призна дека Артуро Видал во еден момент беше блиску до доаѓање во Милан, но на крајот одлучи кариерата да ја продолжи во Барселона.

„На кого не му се допаѓа Видал? Сите знаеме каков играч е. Се сеќавам кога играв против него, беше вистински воин“, тврди Гатузо.