Connect with us

Фудбал

Го плукна Меси, а Аргентинецот со една реченица го „закопа“ (ВИДЕО)

Крајно неспортски потег на Санабрија од редовите на Уругвај на мечот со Аргентина (0:1). Имено, на овој меч Меси влезе од клупата за резервни фудбалери, а на теренот имаше кратка расправија со Санабрија кој игра за Торино. Тој кога Меси се заврте го плукна. Како што вели Меси, не ни знаел додека не отишол во соблекувалната, а за ова му кажале соиграчите. Сепак, со една реченица го „закопа“ Санабрија.

Лионел Меси: Ми рекоа во соблекувалната дека некој ме плукнал. Вистината е дека не ни знам кое е тоа момче. Повеќе сакам да не зборувам, не сакам да му дадам дополнително внимание, изјави Меси.