Други спортови
Ѓоковиќ беше прашан за израелската опсада на Палестина, a како „дете од војната“ испрати порака до светот

Светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ лесно го совлада Томас Ечевери (31. АТП) во осминафиналето на Мастерс 1000 турнирот во Париз. Новак изјави дека е „дете на војната“ и дека е многу тажен поради се што се случува низ светот.
„Како дете од војната, многу сум повреден од тоа што се случува во светот, а тоа се случува веќе некое време, не само во Израел и Палестина, туку и низ целиот свет. Страшно е. Испраќам љубов до сите цивилите кои страдаат и се надевам дека сè ќе заврши наскоро. Секогаш се залагам за мир и тоа е мојата порака. Им испраќам љубов“, изјави Новак Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ во осминафиналето ќе игра против Талон Грикспор. Досега одиграа два меѓусебни натпревари и двата пати победи Ѓоковиќ.