Connect with us

Кошарка

Голден Стејт со убедлива победа против Булс, Кари со 26 коша во втора четвртина

Актуелниот Шампион, Голден Стејт со најубедлив триумф на вечерта во НБА. Втората екипа во Западната конференција (биланс 14 победи – 5 порази) го совлада Чикаго, фенерџија на Истокот и најслаб тим во лигата во оваа сезона (три победи – 14 порази), со дури 49 поени разлика (143:94).

Свое шоу во мечот имаш Стеф Кари. Шутерот на вориорси само во вториот период постигна 26 коша од 45 колку што запиша целата екипа, а на крајот заврши со 33 поени кон кои додаде седум скока, четири асистенции и две украдени топки. Одлична партија и на Клеј Томпсон кој уфрли 29 поени против булси.