Ракомет
Гонзалес: „Ние завршивме со обврските во лигата на шампиони, и останува да се фокусираме на СЕХА лигата“
Вардар до крајот на годинава има уште три натпревари за играње, сите во регионалната СЕХА лига. Двапати ќе биде домаќин, а првиот од тие две средби е против Војводина утре, вторник во 17,30 часот.
Вардар се лидери во регионалното натпреварување со 8 победи сезонава по ред и 14 вкупно во СЕХА лигата. Ова е последниот меч од првиот дел на СЕХА лигата, во конкуренција на 10 екипи.
Раул Гонзалес – тренер на Вардар
„Ние завршивме со обврските во лигата на шампиони, и останува да се фокусираме на СЕХА лигата. Остануваат уште три натпревари и мислам дека сме во добра ситуација. Први сме, немаме притисок и треба да уживаме и да играме како против Нексе. Очекувам дека и играчите едвај чекаат, бидејќи кога победуваш е полесно. Имаме тренинг и после ќе решиме кој ќе игра. Сигурно дека некои од помладите ќе добијат шанса да играат против Војводина.