Connect with us

Ракомет

Гонзалес: Одбраната беше одлична и си ја заврши работата

Вардар ја оствари петтата победа сезонава во групната фаза од лигата на шампионите со триумф кај Кристијанштад од 26-23. За Вардар ова е 11 натпревар во ЛШ по ред на кој освојува бодови, а петта победа во дуелите со Кристијанштад во ЛШ. Вардар останува на првото место во А групата со 11 бодови од шест натпревари.

На прес конференцијата домашниот тренер Ола Линдгрен го пофали нашиот тим, за играта во одбрана и особено голманот Штербик

„Игравме добро во првото полувреме, и имавме водство од пет гола. Кристијанштад се млада екипа која игра брзо, и тоа го знаевме од почетокот. Малку послабо тргнавме во мечот, имавме негатива, но потоа работите си дојдоа на место. Нашата одбрана беше извонредна и заврши многу работа“, изјави Раул Гонзалес – тренер на Вардар.

Во следното коло Вардар гостува кај ППД Загреб.