Connect with us

Други спортови

Ѓорческа остана без полуфинале во двојки на турнирот во Истанбул

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа остана без пласман во полуфиналето на турнирот во Истанбул чиј награден фонд е 25.000 американски долари.

Откако Ѓорческа беше елиминирана уште во првото коло во сингл конкуренција, таа денеска заедно со својата партнерка Русинката, Екатерина Јасина го заврши настапот и во игра во двојки.

Ѓорческа ни Јасина го загубија во четвртфиналниот меч против Холанѓанките, Ричел Хогенкамп и Лесли Патима и тоа за нешто повеќе од еден час и 7 минути игра со 2:0 по сетови 2-6 и 6-7.

Првиот сет холандската двојка го доби за само 25.минути игра со 6-2 во гемови.

Во вториот, Ѓорческа и Јасина поведоа со 0:3, но Холанѓанките успеаја да израмнат на 3:3, па до самиот финиш се водеше голема борба која на крајот ја доби холандската двојка во тај-брејкот.

Сител