Кошарка
Ѓорѓе Мајсторовиќ го засилува МЗТ Скопје
Станува збор за кошаркар висок 208 сантиметар кој игра на позициите силно-крило и центар, кој треба да биде од помош на останати високи играчи на МЗТ Скопје во борбата под кошевите, пишува Вечер.
Мајсторовиќ (27) има повеќе од солидно искуство во настапите во АБА лигата. Тој минатата сезона настапуваше за белградски Партизан, а претходно има играно и за екипите на Смедерево, Хелиос и Металац од Ваљево.
Новиот член на МЗТ Скопје Аеродром има и настапи за репрезентацијата на Србија и тоа на Универзијадата во Казањ во 2013 и на Медитеранските игри во Мерсин истата година.