Connect with us

Фудбал

Грнчаров: Вардар не заслужува да игра на вакви терени

Дали ваков гигант каков што е Вардар заслужува да игра на вакви терени – напиша Бобан Грнчаров на својот Фејзбук профил.

Во својот пост, тој го искажува своето мислење за играње на натпреварите надвор од својот домашен терен „Телеком арената“.

Причината поради која натпреварите не се играат на Телеком арента е високата цена која ја бараат надлежните. Тие последниов период трикратно ја зголемиа цената, па така сега бараат 3.000 евра за дневен и 6.000 евра за ноќен термин.

Според спортските работници, публиката и надлежните, Вардар ова не го заслужи. Не играњето на домашен терен може да предизвика и дополнителни проблеми кои би влијаеле на понатамошниот успех на Вардар во Лига Европа.

Ј.П