Connect with us

Кошарка

Грците ја уценуваат и Евролигата

Откако беше казнет со забрана од 12 меча присуство на мечевите на Панатенаикос во Евролигата сопственикот на грчкиот клуб Димитрис Јанакопулос се закани дека Пао ќе истапи од елитното европско натпреварување.

Казната беше изречена поради навредливото коментирање на фановите на Фенербахче на истаграм профилот.

Јанакопулос најави дека ќе направи анкета кај навивачите на клубот и доколку тие прифатат клубот да остане во Евролигата тогаш тој ќе замине од него.
Ништо ново само нови грчки уцени и самобендисаност…