Фудбал
Гвардиола провокативно за Аморим го „пецна“ Јунајтед: Нема да се сретнеме повторно во Лигата на шампионите

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ги изрази своите впечатоци по поразот од Спортинг (4:1) во Лигата на шампионите.
„Не можете да кажете многу кога ќе изгубите 4:1. Можам само да му честитам на Спортинг за добрата игра. Имавме само добро прво полувреме, дури би рекол фантастично. Тогаш можевме да го решиме натпреварот, но не го направивме тоа. Сега сме во период кога се мачиме да постигнеме гол, создаваме и пропуштаме шанси, додека противниците ни даваат голови без многу работа“, изјави Гвардиола на прес-конференцијата по натпреварот, откривајќи каде е главниот проблем.
“Емоционално не бевме доволно стабилни, а во ова натпреварување мора да бидете. Тоа се покажа овој пат со резултатот 2:1. Едноставно мораме да бидеме емотивно постабилни. Сега е тежок момент во однос на резултатот, но јас сакам да бидам тука, сакам да се борам и да не се откажувам, го сакам овој предизвик како менаџер.
Тој беше прашан за тренерот на Спортинг, Рубен Аморим кој ќе го преземе Манчестер Јунајтед.
„Ќе се сретнеме двапати во Премиершип, а можеби и во ФА Купот. Тоа не е можно во Лигата на шампионите“, рече Гвардиола и меѓу редови ги „пецна“ големите ривали бидејќи „црвените ѓаволи“ не играат во Лигата на шампионите.