Connect with us

Фудбал

Халанд: На натпревар го напуштам телото и станувам зомби. Тешко е да се објасни

Ерлинг Халанд (23) даде големо интервју за „Телеграф“. Во него, меѓу другото, тој се опиша себеси како „зомби“, обидувајќи се да ги објасни своите навики како напаѓач.

„Можев да се спуштам и да ја допрам топката неколку пати. Но наместо тоа стојам во напад, се движам во мојот сопствен свет. Тешко е да се објасни. Го напуштам телото и станувам зомби.

Гледам наоколу, чекајќи прилика. И кога ќе дојде, знам дека треба да бидам подготвен, разбираш? Учествувам во играта, но всушност шетам и скенирам. Ја чекам приликата, размислувам што може да се случи ако топката оди вака или онака. Кога моите соиграчи градат напад од одбрана, знам дека не мора да учествувам. Го чекам вистинскиот момент“, изјави Халанд.

Халанд одигра 11 натпревари оваа сезона и постигна осум гола и даде две асистенции за Манчестер Сити. Тој минатото лето дојде во тимот на тренерот Пеп Гвардиола, а во првата сезона постигна 52 голови на 53 натпревари. Неговиот договор е со важност до летото 2027. Transfermarkt неговата вредност ја проценува на 180 милиони евра.