Connect with us

Кошарка

Hall of fame за Коби Брајант, церемонија вечерва пред натпреварот на Лејкерс против Голден Стејт

Легендарните „8 и 24„ кои ги носеше Коби Брајант во дресот на Лос Анџелес Лејкерс ќе бидат повлечени во чест на легендарниот кошаркар.

На натпреварот меѓу ЛА Лејкерс и шампионот Голден Стејт, на свечена церемонија ќе бидат повлечени двата дреса „8 и 24“ со кои Коби Брајант целата своја кариера настапуваше за „езерџиите“, со кои освои пет шампионски трофеи.

Три од петте титули Коби ги освои носејќи го дресот со број „8“ во периодот 1997 до 2006 година.

„24-ката“ Коби со Лејкерси освоија два трофеи, а истиот го носеше девет сезони во периодот од 2006 до 2015 година.
„Црната мамба“ ќе стане десетиот играч чиј дрес ќе биде „пензиониран“ од Лејкерс, но воедно е првиот играч во историјата со два повлечени дреса кога е во прашање еден клуб.