Други спортови
Хамилтон: Активно ќе тренирам во текот на паузата, не сум јас за плажа
Британскиот возач Луис Хамилтон е мотивиран како никогаш претходно за освојување на титулата на светски шампион во Формула 1.
Хамилтон моментално е лидер кај возачите, а после победата во Унгарија има 24 бодови предност во однос на Фетел.
Тој порача дека во текот на летната пауза нема да помине многу време на плажа, туку активно ќе тренира.
„Колку прекрасен ден, колк убав болид. Мојот тим направи одлична работа. Ферари од стартот ја имаше контролата, но им го возвративме ударот. Многу се потев, беше многу жешко и тешко од физичка гледна точка, но сепак издржав се“, рече Хамилтон и додаде:
„Во текот на летната пауза нема многу време да поминувам на плажа. Не сум кој баш ќе сака да лежи на плажа. Активно ќе тренирам и ќе се спреама за другиот дел од сезоната. Се гордеам на својот тим, се надевам дека ќе продолжиме во истиот ритам и кога ќе се вратиме“.
Следната трка во шампионатот се вози на 26. август во русија.