Други спортови
Хамилтон: Следните две трки се наша шанса за победа

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон смета дека следните две трки во Мексико Сити и Бразил се најголеми шанси за тимот на Мерцедес да оствари победа.
Британецот минатата недела возеше одлична трка во Остин, каде го освои второто место зад Макс Верстапен, но потоа беше дисквалификуван поради нерегуларности со болидот.
„Се чувствував одлично во Остин. Секое движење на болидот значи многу, а фактот што дојдовме блиску до Ред Бул значи многу за самодовербата“, изјави Хамилтон.
Британецот верува дека неговиот тим може да направи нешто добро. Хамилтон нема победа од крајот на 2021 година кога славеше во Саудиска Арабија.
„Секако дека ми недостасуваат победите. Чувствувам дека сме се поблиску до победата и мислам дека ни одговараат патеките и во Мексико и во Бразил. Тоа е нашата шанса да славиме оваа година“, вели Хамилтон.
Вечерва започнуваат тренинзите за Големата награда на Мексико.