Connect with us

Фудбал

Хаос на московското дерби, брутална тепачка на теренот (ВИДЕО)

Московското дерби одиграно синоќа меѓу ЦСКА и Спартак (0:2) резултираше со една од најбруталните пресметки што сме ги виделе оваа година на фудбалските терени. Откако не видовме ниту еден картон во првиот дел, во продолжение видовме осум жолти и три црвени картони.

Тепачката започна на почетокот на вториот дел. Срѓан Бабиќ, кој настапува за репрезентацијата на Србија, го фатил Вилијан Роча за врат, а Бразилецот целосно изгубил контрола и го удрил. Тепачката траеше неколку минути, а на другата страна црвен картон доби Руслан Литвинов. Бабиќ помина само со жолт картон, но и со крв на лицето.