Connect with us

Фудбал

Хаос во Баерн по дебаклот против третолигашот, еден од клучние играчи не сакал да патува со останатите фудбалери, се вратил во Минхен со автомобил

Само неколку дена откако Баерн со 8:0 славеше против Дармштад во Бундеслигата, доживеа понижување во Купот на Германија против третолигашот Сарбрикен.

Еве зошто тренерот Томас Тухел е на удар, но тоа не е единствената главоболка за Баварците. Во соблекувалната веќе подолго време владее големо несогласување, а по сериозната „шлканица“ во осминафиналето против третолигаш, нови проблеми направи клучниот играч на тимот Џошуа Кимих.

Според информациите од Германија, Кимих не се вратил со тимот од Сарбрикен, туку патувал сам, со приватен автомобил. И тоа не е се, бидејќи веднаш се откри дека одбил да го продолжи договорот, па демонстративно сакал да го привлече вниманието на медиумите со незрел потег и напуштање на соиграчите.