Connect with us

Кошарка

Харден поради повреда полека ја губи битката за МВП

Еден од фаворитите за МВП наградата, Џејмс Харден поради повреда на задната ложа ќе паузира најмалку две недели информираат од Хјустон.

Бекот на ракетите се повреди на последниот ден од 2017-та година во дуелот со ЛА Лејкерс кој беше решен во две продолженија.

Ова е втора голема повреда во редовите на Хјустон оваа сезона бидејќи веќе неколку меча недостасува Крис Пол.

Харден е најдобриот стрелец во НБА лигата со 32 поени по натпревар и најдобар шутер на тројки со 145 погодоци а лидер е и во слободни фрлања 319/368.

Во претходните 4 сезони има пропуштено само еден меч.