Connect with us

Ракомет

Херем бремена играла на СП во Германија

Поранешната ракометарка на македонскиот шампион Вардар, а сегашен член на норвешкиот тим Сола, Камила Херем е бремена и извесен период ќе паузира од ракометните терени. Таа ја објави оваа вест за медиумите неколку дена, откако со Норвешка го освоија сребрениот медал на Мундијалот во Германија.

Додека играв на СП, иако бев бремена, не можев да размислувам за тоа. Сега може да земам пауза и мислам само на бебето, вели Херем.

Нејзин сопруг е Стефан Стегавик, ракометарот кој беше во комбинација за засилување на Пролет, Металург и Вардар, но ниту еден од тие трансфери не се реализира, заедно со Херем си заминаа од Скопје.

Би сакал да се вратам веднаш и да заиграм на ЕП во Франција следната година, заврши Херем.