Connect with us

Кошарка

Хјустон без Крис Пол најмалку еден месец

НБА лигашот Хјустон ќе мора да најде замена за плејмејкерот Крис Пол кој се повреди на почетокот на сезоната.

Пол го повреди коленото на дуелот со Голден Стејт. Најпрво се чинеше дека повредата не е сериозна, но подоцна се востанови дека сепак ќе треба да се паузира.

Пол летото пристигна во Хјустон од ЛА Клиперс.

На првиот свој официјален натпревар за новиот клуб одигра 33 минути и забележа четири поени и 11 асистенции.

Покрај Пол, новата сезона со потешки повреди почна и за Џерми Ли и Гордон Хауард.