Connect with us

Кошарка

Хјустон го победи Лејкерс, Харден се повреди

Највозбудливиот меч од новогодишната програма во НБА беше дуелот помеѓу Хјустон и Лејкерс на кој му требаа две продолженија за да го добиеме победникот. Домаќините се радуваа на триумф од 148:142.

Џејмс Харден со 40 поени беше најефикасен, ќе постигнеше и повеќе но поради повреда пред време го напушти натпреварот и не учествуваше во продолженијата, тој запиша и 11 асистенции.

Најмногу поени за Лејкерс реализираше Рендл кој запиша 29, имаше и 15 скокови.

Резултати: 
Индијана – Минесота 90:107
Бостон – Бруклин 108:105
Хјустон – ЛА Лејкерс 148:142
ЛА Клиперс – Шарлот 106:98
Оклахома – Далас 113:116
Сакраменто – Мемфис 96:114
Феникс – Филаделфија 110:123