Ракомет
Хрватска – Исланд: Битка за прво место на табелата
Хрватската репрезентација во 2. коло од Европското првенство ја очекува натпреварот против Исланд.
Хрватските ракометари денеска од 20.30 ќе го одиграат вториот натпревар на Европското ракометно првенство. Откако Хрватска во првото коло убедливо славеше над Србија , сега ја очекува Исланд и доколку ја победи ќе се пласира на првото место на табелата.
Меѓутоа, Исланд според аналитичарите е многу по опасен од Србија. Во првото коло ја изненадија Шведска, а во еден момент имаа дури и десет разлика. Најефикасен кај Исланд на првиот натпревар беше Olafur Gudmundsson со постигнати седум голови, но нивни познат опасен играч е Aron Palmarsson.
Хрватска добро го отвори ова Европско првенство, но пред самиот крај на натпреварот со Србија го „загуби“ Домагој Дувњак.
Статистиката досега вели дека Исланд губел од Хрватска, но сепак Хрватска треба да биде внимателна бидејќи се работи за репрезентација која нападите ги завршува во 10-15 секунди.
Натпреварот започнува во 20.30.