Connect with us

Тајмаут

И кога е тешко, треба да се смееме: Златан позитивен, коронавирусот оди во карантин

Има многу интересни шеги на сметка на Златан Ибрахимовиќ кои се слични на оние што многу години сме ги слушнале за Чак Норис.

Ибрахимовиќ честопати и сам кажува вицови на својата сметка и се чини дека последниот што се појави денес на Интернет е многу интересен.

Во Италија деновиве има вистинска паника за коронавируси и скоро сите клубови се во изолација. Еден од овие клубови е Милан, во кој сè уште нема позитивен случај за овој вирус, барем не ако сме сериозни.

Ако не сме сериозни, тогаш Златан Ибрахимовиќ е „позитивен“, но тој нема да оди 14 дена во карантин, туку коронавирусот.

„Вонредна вест. Златан Ибрахимовиќ се покажа позитивен на коронавирусот. Коронавирусот сега е ставен во карантин 14 дена”, се вели во шегата што денес ги насмеа многумина.

Сигурно е дека ова се тешки денови и за Италија и за остатокот од Европа, но за една таква шега, која дефинитивно не е злонамерна, никој не може да остане имун и сите ќе се смеат.

Патем, да додадеме дека Ибрахимовиќ и екипата на Милан се очекува да тренираат повторно на 23 март.