Connect with us

Фудбал

Играше за Милан, хрватската репрезентација, а сега во Турција го избркаа од тренинг поради лошо однесување

Поранешниот хрватски репрезентативец Анте Ребиќ е во тешка ситуација во турскиот клуб Бешикташ, пишува локалниот медиум Фотомак. Според нивните наводи, Ребиќ бил исфрлен од тренинг поради лошо однесување.

Причина за ваквото однесување наводно била изјавата на новиот тренер на Бешикташ, Бурак Јилмаз дека Хрватот не игра доволно добро за да игра во првиот тим. Затоа, според Фотомак, Ребиќ стапил во контакт со својот менаџер за да ја истражи можноста да ја напушти Турција оваа зима во преодниот рок.

Ребиќ минатото лето пристигна од Милан во слободен трансфер и се очекуваше да биде големо засилување. Но, не испадна така. Се уште нема постигнато гол, а одигра девет натпревари. За хрватската репрезентација нема играно две години, откако по Европското првенство го критикуваше селекторот Златко Далиќ.