Connect with us

Фудбал

Игуаин ќе дебитира за Милан против неговиот поранешен клуб

Аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин минатата недела го напушти Јувентус и одлучи кариерата да ја продолжи во дресот на Милан.

Откако Кристијано Роналдо потпиша за Јуве, стана јасно дека „Старата дама“ ќе мора да продаде еден од напаѓачите, а на крајот одлучиа дека тоа ќе биде Игуаин. Аргентинецот одлучи да остане во Серија А иако имаше многу понуди, сепак на крајот за свој нов клуб го одба Милан.

Игуаин веднаш се приклучи на подготовките со својата екипа, а италијанските медиуми пренесуваат дека во дресот на „Росониерите“ ќе дебитира вечерва против својата поранешна екипа, Реал Мадрид.

Натпреварот се игра во 21 часот на „Сантијаго Бернабеу“.