Connect with us

Фудбал

Игуаин минува низ пекол: Мојата мајка е тешко болна

Игуаин не настапи за Јувентус повеќе од три месеци, но конечно синоќа се врати на мечот против Лече и успеа да постигне гол. Аргентинецот во текот на пандемијата со коронавирусот беше во татковината и доцнеше со враќањето во Торино, а потоа беше повреден.

Но, јасно е дека проблемите на Игуаин не се со повредите. Имено, тој потврди дека неговата мајка има канцер и дека поради тоа не може да се совземе во изминатите неколку месеци.

-Зад мене е тежок период, но тука сум за екипата и сите треба да го дадеме максимумот во финишот на сезоната. Ми беше навистина тешко поради таа пандемја, но најмногу поради мојата мајка која е тешко болна. Сепак, сега се вратив и им благодарам на соиграчите кои ми беа голема поддршка во текот на сите овие случувања, вели Игуаин.