Connect with us

Други спортови

Икарди пред договор со Наполи

Раководството на Наполи му даде краен рок на напаѓачот на Интер Мауро Икарди да реши дали ќе се пресели во Наполи.

Рокот истекува во петок на 30-ти август, а трансфер прозорецот во Италија се затвора на 2-ри септември.

Доколку пристигне негативен одговор од страна на Икарди, од Наполи ќе се насочат кон Фернандо Љоренте кој е слободен агент во моментов. Тие веќе имаат договор со шпанскиот напапаѓач и после конечниот одговор на Икарди веднаш ќе потпишат со него.

Икарди иако е во сложена ситуација во Интер и е надвор од тимот, сепак одбива да си замине и најверојатно ќе го одбие Наполи.

Извор: Нетпрес