Фудбал
Интер без Лукаку против Барселона!
Антонио Конте нема да смета на услугите на напаѓачот Ромелу Лукаку за утрешниот дуел со Барселона, кој се игра на „Камп Ноу“. Информацијата самиот тренер ја потврди по пристигнувањето во шпанскиот град.
Како што вели Конте, Лукаку има проблеми со мускулот, па поради тоа воопшто не е дел од експедицијата која допатувала во Барселона.
Веројатно нападот на Интер утре вечер ќе го сочинуваат Алексис Санчез – Лутаро Мартинез.