Фудбал
Интер Мајами не е во плеј-офот, но Меси е претендент за наградата

Лионел Меси е прогласен за финалист за наградата дебитант на годината во МЛС, откако одигра само шест првенствени натпревари за Интер Мајами.
Аргентинскиот напаѓач (36) му се приклучи на клубот во јули. Тој постигна 11 гола во сите натпреварувања, помагајќи му на Мајами да го освои воведниот Лига куп.
За жал на Интер Мајами, но и на целата МЛС, Меси имаше повреда во клучниот период за клубот, па Интер Мајами без него не успеа да оствари важни победи и да влезе барем во место за играње во поредокот.
Другите финалисти за дебитант на годината во МЛС се напаѓачот на грчката Атланта, Јоргос Јакумакис и играчот од средниот ред на Сент Луис Сити, Едуард Ловен.
Интересно, ги нема соиграчите на Меси и славните имиња на Серхио Бускетс и Џорди Алба.