Connect with us

Фудбал

Изненадувачка вест од Тетово: Шкендија ја раскина соработката со еден од најдобрите

Агим Ибраими веќе не е дел од Црвено-црните, бидејќи соработката е прекината со меѓусебна согласност.

-Раководството и фудбалерот се согласија за спогодбено раскинување на соработката, што во моментов е во интерес на двете страни. Во оваа прилика, Шкендија му се заблагодарува на Агим Ибраими за неговиот придонес во периодот кога беше дел од „Црвено-црните“, посакувајќи му се најдобро во иднина, се вели во соопштението.

Ибраими во 2019-та дојде од Домжале во Шкендија како големо засилување, но се чини не успеа да ги оправда очекувањата.