Connect with us

Фудбал

Израел во ноември ќе ги игра одложените натпревари

ФИФА соопшти дека четирите натпревари на машката и женската фудбалска репрезентација на Израел, кои требаше да се играат овој месец, се презакажани за ноември.

УЕФА ги одложи натпреварите на оваа блискоисточна земја поради воениот конфликт со Хамас. Одлуката на Светската централа е овие натпревари да се играат што е можно поблиску до термините на следните натпревари на репрезентациите во ноември.

Затоа, натпреварите од квалификациите за ЕП 2024 во машка конкуренција во групата I Косово – Израел и Израел – Швајцарија ќе се одиграат на 12 и 15 ноември.

Од женската страна гостувањето на Казахстан во Лигата на нации е закажано за 23 ноември, а реваншот три дена подоцна.

„Задолжително ослободување за репрезентациите ќе важи за најмногу по еден играч од секој клуб кој не е член на ниту една од здруженијата кои учествуваат на даден натпревар. Периодот на ослободување од клубот ќе започне два дена пред предметните натпревари. “ прецизира ФИФА за клубовите.