Connect with us

Фудбал

Извршниот директор на Барселона, Оскар Грау, ги претстави бројките за новиот буџет на Каталонците

Извршниот директор на Барселона, Оскар Грау ги претстави бројките за јавноста.

На Генералното собрание на фудбалскиот клуб Барселона беше изгласан буџет за сезоната 2017/18. Официјално одобрени се околу 897 милиони евра со што каталонскиот тим донесе историски најголем буџет.

Од присутните делегати за буџетот гласаа 391, против беа 68, додека воздржани 49.

Историските бројки доаѓаат по многу силна сезона на приходи – 708 милиони евра.

Извршниот директор на Барселона, Оскар Грау ги претстави бројките за јавноста. Тој откри дека ако Нејмар не бил продаден во текот на летото, буџетските процени 2017/18 беа околу 795 милиони евра. Средствата собрани од трансферот на Бразилецот го „напумпаа“ новиот буџет. Благодарение на неговата продажба, проекциите се дека Каталонскиот клуб ќе оствари профит седмата година по ред, овој пат во вредност од 21 милион евра.