Connect with us

Тајмаут

Јане Велковски: Немам желби за Нова година, знам дека брзо ќе проодам

„Ајде на брзина да завршиме со интервјуто, зашто после сум зафатен, од девет почнува „Партизан“. Вака 11 годишниот Јане Велковски нѐ пречека во неговиот дом, во скопската населба Хром. Велковски беа наши домаќини и ни дозволија одлблизу да видиме како живее малиот херој кој месецов ја прими третата доза на лекот „спинраза“, за кој родителите на Јане и уште на шест деца долго се бореа. Овој лек, за Јане е надеж дека наскоро ќе прооди, и ќе може заедно со неговите врсници од училиштето „Димитар Поп-Георгиев Беровски“ да заигра фудбал. Сѐ уште нераспакувани од Њујорк, и полни со впечатоци од говорот на Јане на самитот на УНИЦЕФ по повод Светскиот ден на децата, Велковски ни се извинуваа што не стасале да ја украсат куќата. И без новогодишни светилки, домот на Велковски свети, најмногу поради милата ѕвезда на Јане и на неговиот осумгодишен брат.

ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ НА ЖЕНСКИ МАГАЗИН…КЛИКНИ ТУКА