Connect with us

Ракомет

Јовиќ: Мораме да излеземе од резултатската и играчка криза

Ракометарите на Металург утре ги очекува нов меч, овојпат во СЕХА лига против Татран Прешов.

Тимот од Автокоманда, кој оддамна ги загуби шансите за прогрес во следната рунда од Лигата на шампионите, сега ќе може да им се посвети на регионалните натпревари.

– Металург е во лоша низа од шест порази на дуелите во елитното натпреварување, но и во СЕХА конкуренцијата, па евидентно е дека се наоѓа во криза. Очигледно е дека сме среде резултатска криза и во Лигата на шампионите и во СЕХА лигата и се надевам дека со утрешниот натпревар ќе излеземе од таа криза. Од ова полошо не може да биде и искрено се надевам дека, покрај од резултатската, ќе излеземе и од играчката криза, рече на денешната прес-конференција тренерот Александар Јовиќ.

Секој од играчите мора да даде својот максимум, истакна Јовиќ и додаде дека ќе се обиде да им даде шанса на сите играчи, па ќе види каков ќе биде нивниот учинок. – Некои од играчите свесно се форсирани за да напредуваат, но тие не го покажуваат тоа што се бара од нив, па затоа за утрешниот натпревар ќе има измени во составот, изјави Јовиќ.

Последната победа Металург ја оствари на гостински терен кај Чеховски Медведи, а последната радост пак пред своите симпатизери ја имаа 30 септември во дуелот против Спортинг Лисабон.

– Кaко што кажа тренерот, должни сме на самите себе, но и на публиката. Ќе дадеме се од себе, за да ја оправдаме довербата на клубот и на нашите навивачи, изјави младиот Костадин Петров.

Задачата нема да биде лесна бидеќи Металург кој има само две победи и дури пет порази во СЕХА конкуренцијата ќе игра против второпласираната екипа на табелата.

Мечот меѓу Металург и Татран Прешов ќе се игра утре во СЦ „Борис Трајковски“ почеток од 20.45 часот, додека во терминот од 19 часот ќе започне дуелот меѓу Нексе и Вардар.