Connect with us

Ракомет

Јовиќ: “Време е да се трансформираме и од мачиња да станеме лавови“

Во отсуство на Лино Червар, на прес-конференцијата своите видувања ги даде Александар Јовиќ, помошник-тренер на Лино Червар.

Александар Јовиќ:

“Фаворитската улога им ја препуштаме на португалскиот тим. Се работи за искусна екипа што игра цврсто во одбрана и што е многу опасна во нападот. Додека работев во отсуство на Лино Червар, сметам дека во еден колектив сите вработени имаат свои права и обврски. Од страна на клубот сите обврски кон нас вработените се исполнети, сега ние треба да ги исполниме нашите обврски кон клубот, кон газдата и кон публиката која не бодри на секој натпревар. Треба да престанеме со криење од типот „имавме лош ден или лошо судење“, време е да се трансформираме и од мачиња да станеме лавови. Сметам дека само така можеме да и се спротивставиме на екипата на Спортинг. Ќе мораме да бидеме беспрекорно борбени во одбрана што е предуслов за лесни голови во нападот. Ракометот е колективна игра и нема многу простор за индивидуализам. Силен колектив може да исфрли квалитетен поединец на површина, но еден поединец не може сам да го влече целиот тим напред“.