Фудбал
Јунајтед летово го плати Онана 50 милиони, сега купува нов голман за 75 милиони евра?

Андре Онана летово од Интер пристигна во Манчестер Јунајтед за 50 милиони евра. Тимот предводен од холандскиот стручњак Ерик тен Хаг го доби Онана како скапа опција за прв голман по заминувањето на Давид де Хеа, но Камерунецот не се покажа како најдобро решение.
Според тоа, Јунајтед веќе реши да бара друго решение на пазарот. Португалскиот А Бола пишува дека Јунајтед веќе во јануари би можел да го доведе португалскиот голман Диого Коста од Порто. Коста беше баран и во летото, но факт е дека Тен Хаг како поранешен тренер на Ајакс одлично го познава Онана. Коста има откупна клаузула од 75 милиони евра, а се очекува Јунајтед да биде подготвен да ја плати таа сума за да го пресели на „Олд Трафорд“.