Connect with us

Фудбал

Јуве не сака да го продаде Влаховиќ

Челниците на Јувентус не сакаат да го продадат српскиот фудбалски репрезентативец Душан Влаховиќ на крајот од сезоната, пренесуваат италијанските медиуми.

Влаховиќ во Јувентус пристигна пред 14 месеци од Фиорентина за 70 милиони евра. Оваа сезона за торинскиот клуб постигна 11 гола на 30 натпревари.

Италијанските медиуми пренесуваат дека српскиот репрезентативец бил поврзуван со неколку големи европски клубови од Шпанија и Премиер лигата. Трансфермаркт тврди дека српскиот напаѓач вреди 75 милиони евра.

Некои италијански медиуми пред неколку дена објавија дека Јувентус е подготвен да го продаде Влаховиќ доколку пристигне понуда од најмалку 90 милиони евра и дека телефонот на неговиот менаџер постојано ѕвони.

Сепак, локалните медиуми од Торино тврдат дека Јувентус не сака да се откаже од Влаховиќ, кој има договор со торинскиот клуб до јуни 2026 година.