Connect with us

Фудбал

„Јувентус е далеку пред нас, но на прав пат сме“

Фудбалерите на Милан беа поразени на гостувањето кај Реал Мадрид со 3:1 во подготвителниот натпревар пред почетокот на новата сезона.

„Росониерите“ веќе наредниот викенд ја почнуваат новата сезона во Серија А, а за екипата на Џенаро Гатусо натпреварот против шампионот на Европа беше првата проверка. Италијанскиот стратег призна дека во неговата екипа има уште доста што да се „поправа“, но е задоволен со моменталната состојба и верува дека Милан ќе биде многу подобар во однос на минатата сезона.

„Минатата сезона наш најголем проблем беше тоа што се обидовме да играме активен фудбал, а не добивме никакви значајни резултати и сега сака, но и јасно е дека нешто мораме да промениме. Не смееме да дозволиме да примаме голови пред крајот на полувремето и на натпреварот. Заостанувањето зад Јувентус се уште е огромно, но верувам дека сме на прав пат кон враќањето на врвот“, рече Гатусо, па се осврна на Игуаин кој во дебито постигна гол.

„ Не можеме да се потпреме на еден играч и да се надеваме на Резултати, па дури и ако се работи за Игуаин кој е одличен напаѓач. Тоа не е доволно за една екипа. Мило ми е што брзо се вклопи, но за нешто повеќе ни требаат сите играчи, а не само еден поединец“.