Фудбал
Каков играч, Миовски повторно херој, погоди за финале (ВИДЕО)

Бојан Миовски повторно е херој на својот Абердин. Тој го постигна единствениот гол на мечот против Хибернианс во полуфиналето од Купот на Шкотска и со тоа обезбеди финале и борба за пехар.
Коментарите на социјалните мрежи на навивачите на Абердин се повеќето „Каков играч“, а секако Миовски станува нивен миленик, бидејќи сезонава постигна неколку клучни голови за неговиот тим. Вреди да се напомене дека Абердин победи и со 10 играчи на теренот.