Фудбал
Каков меч во Лондон, вкупно девет голови, Баерн го прегази Тотенхем
Фантастичен меч во Лондон, пред се за Баерн Минхен, а фудбалерите и тренерот на Тотенхем веројатно ќе сакаат што поскоро да јa заборават оваа вечер. Германскиот тим им го нанесе еден од најтешките порази во историјата на популарните „Петли“.
Иако избраниците на Покетино поведоа со 1:0, сепак следуваше вистинска голеада во мрежата на Лорис. Перфектна вечер имаше „крилото“ на тимот од Минхен, Гнабри кој постигна четири голови, Левандовски стрелаше два пати, додека Кимих еднаш за убедлива, историска победа. На спротивната страна стрелаа Сон Мин и Хари Кејн од пенал.
Останува да се види дали тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, ќе го преживее овој дебакл, ако се знае дека поради променливите резултати сезонава, неговата позиција е разнишана.
Лига на шампиони 2.коло, резултати Група А, Б, Ц и Д
Група А.
Галатасарај – ПСЖ 0:1
Реал М. – Клуб Бриж 2:2
Табела: ПСЖ 6, Клуб Бриж 2, Галатасарај 1, Реал Мадрид 1.
Група Б.
Тотенхем – Баерн М. 2:7
Црвена Звезда – Олимпијакос 3:1
Табела: Баерн M. 6, Црвена Звезда 3, Тотенхем 1, Олимпијакос 1,
Група Ц
Манчестер Сити – Динамо Загреб 2:0
Аталанта – Шахтјор 1:2
Табела: Манчестер Сити 6, Динамо Загреб 3, , Шахтјор 3, Аталанта 0.
Група Д
Јувентус – Баер Леверкузен 3:0
Локомотив М. – Атлетико Мадрид 0:2
Табела: Јувентус 4, Атлетико Мадрид 4, Локомотив М. 3, Баер Леверкузен 0.