Connect with us

Кошарка

Кантер во одбрано НБА друштво

Турскиот кошаркар Енес Кантер одигра извонреден натпревар за Њујорк Никс и стана четвртиот кошаркар во НБА лигата кој на еден натпревар постигнал најмалку 30 поени и 20 скокови.

Кантер синоќешната средбата ја заврши со рекордни оваа сезона за него 31 поен и исто така рекордни во кариерата за него 22 скока.

И покрај одличната игра на Кантер, Њујорк во својот „Медисон Гарден“ загуби од Филаделфија со 105:98.

Сепак, центарот на Никси ќе го памети овој меч, бидејќи им се придружи на легендарните Вил Чембрлен, Бил Расел и Боб Ланиер кои на еден натпревар постигнале најмалку 30 поени и при тоа остварила најмалку 20 скока.