Connect with us

Ракомет

Карачиќ: „ Имам договор и за следната сезона, сигурно останувам“

Хрватскиот ракометен репрезентативец Игор Карачиќ потврди дека и следната сезона останува дел од македонскиот и актуелен шампион Вардар.

„Имам договор и за следната сезона и сигурно останувам. После тоа, се е во магла. Ќе видиме што ќе биде. По оваа сезона ќе имаме многу промени во играчкиот кадар. Многу ќе заминат, но очекувам и да дојдат засилувања“, изјавил Карачиќ за хрватските медиуми.

Осврнувајќи се на резултатите кои „црвено-црните“ ги постигнаа во текот на целата календарска 2017 година, Карачиќ нагласува дека тоа е резултат на напорна работа.

„Вардар е зрел тим, тоа е резултат на напорите во изминатите четири години. Постигнавме огромен успех за македонскиот спорт, колку се цени тоа во земјата, најдобро се гледа по тоа што државата ги одликува Македонците од екипата“, нагласува хрватскиот бек.