Фудбал
Касано: Јуве направи одличен потег што го донесе вториот најдобар играч во светот
Новата сезона во италијанската Серија А започнува следната недела, а многумина со нетрпение чекаат да го видат Кристијано Роналдо во дресот на Јувентус.
Роналдо неодамна го напушти Реал Мадрид и потпиша за Јуве што за многумина беше големо изненадување. Серија А се враќа наредната недела, а сигурно е дека натпреварите на „Старата дама“ ќе бидат во центарот на вниманието поради дебито на Роналдо во дресот на новиот клуб.
Пред почетокот на сезоната се огласи и легендарниот напаѓач Антонио Касано кој е сигурен дека Јуве ќе ја одбрани титулата во Италија и дека ќе биде на врвот додека Роналдо е тука. Касано кажа и колку голови ќе постигне Португалецот во новата сезона.
„Јувентус ќе го освојува Скудетото до 2022. година, кога на Роналдо ќе му истече договорот. Сигурен сум дека Роналдо во новата сезона ќе постигне 40 голови во дресот на Јувенту и дека овој клуб без проблем ќе ја одбрани титулата. Јуве направи одлична работа што го донесе вториот најдобр напаѓач на светот. Секако, Меси е за мене се уште најдобар и на мојот син му го дадов името Лионел“, рече Касано.