Connect with us

Фудбал

Касемиро: Дали Севиља во Лига Европа е како Реал Мадрид во Лигата на шампионите? Не (ВИДЕО)

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Касемиро не беше премногу вознемирен по четвртфиналето на Лига Европа со Севиља, иако „црвените ѓаволи“ беа поразени со 3-0 кај Рамон Санчез Писхуан и излегоа од турнирот со вкупни 2-5.

Во миксзон Бразилецот беше запрашан дали Севиља во Лига Европа е како Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Поранешниот играч на Кралс со насмевка одговори: „Мислам дека имаат уште седум трофеи пред нив“.

Всушност, на Андалузијците им требаат уште осум почести од второто највисоко европско клупско натпреварување за да му парираат на Реал. Севиља има шест трофеи во Лига Европа, додека Мадрид 14 титули во Лигата на шампионите.