Connect with us

Фудбал

Кеита Балде следната сезона ќе настапува за Интер

Сенегалскиот фудбалер Кеита Балде следната сезона ќе настапува за Интер.

Балде доаѓа на „Сан Сиро“ како позајмен играч од Монако, со опција за откупување на неговиот договор.

Договорот за позајмицата е вреден шест милиони евра, а за дополнителни 42 милиони евра Интер на крајот на сезоната може да го откупи 23-годишниот фудбалер.

Белде претходно настапуваше за Лацио, а минатата сезона ја помина во Монако, каде постигна осум гола на 23 натпревари.

Тој настапи и за репрезентацијата на Сенегал на Светското првенство во Русија.