Connect with us

Фудбал

Кевин Гамеиро потпиша за Валенсија

Откако Никола Калиниќ пристигна во Атлетико Мадрид, беше јасно дека еден од напаѓачите ќе го напушти овој шпански клуб.

Лидерите на Атлетико Мадрид одлучија дека тоа ќе биде Кевин Гамеиро кој пристигна пред неколку години од Севиља. Диего Симеоне одлучил дека по пристигнувањето на Калиниќ нема повеќе простор за играчот, а тој дал дозвола за продажба.

Атлетико Мадрид вчера објави дека Гамеиро повеќе не е играч на овој тим и дека ќе ја продолжи својата кариера во Валенсија. Лилјаците за овој 31-годишен напаѓач платиле 16 милиони евра и официјално ќе биде пресотставен пред навивачите но Валенсија денеска.