Connect with us

Фудбал

Киета: Tука сум главно за Спалети

Киета Балде Диао пристигна во Интер за да го заврши трансферот од Монако и призна дека Лучијано Спалети е достоен за сè.

Поранешниот напаѓач на Лацио пристигна во Милано, а на новинарите пред да се потпише за Интер им изјави, пристигнав благодарение на Спалети.

“Многу сум среќен што сум тука, иако утре ќе можам да дадам повеќе информации”, рече Сенегалецот, додавајќи:

“Спалети беше многу важен во мојата одлука. Сега ќе се одморам, утре е голем ден.”

Киета ќе направи медицински прегледи во раните утрински часови во понеделникот, и ќе потпише петгодишен договор. Интер на почетокот ќе го доведе на заем за пет милиони евра и ќе го купи договор на крајот од сезоната за уште 34 милиони евра.